Наука

NASA успешно ја лансираше сондата која ќе дојде најблиску досега до Сонцето

12. август 2018 - 13:06 | К.З.

Новата соларна сонда на американската вселенска агенција NASA, наречена Parker Solar Probe, беше успешно лансирана према Сонцето. Лансирањето најпрво беше закажано за вчера, но беше одложено во моментот кога требаше да започне.

Откако вчера беше откажано лансирањето поради технички проблеми, денеска сондата Parker Solar Probe се упати кон Сонцето.

Лансирањето се случи во вселенскиот центар на NASA наречен John F. Kennedy, кој се наоѓа во Кејп Канаверал. Ова е прва вселенска сонда која името го доби по жива личност, 91-годишниот соларен физичар Јуџин Паркер.

„Одиме! Подготвени сме за учење во наредните години“, извика Паркер додека го надгледуваше лансирањето на сондата.

Сондата Parker Solar Probe беше лансирана со ракетата Delta-IV денеска околу 03:31 часот по локално време. Да потсетиме, оваа сонда треба да биде првото вселенско летало кое ќе дојде толку блиску до Сонцето, односно ќе му се приближи на Сонцето седумпати поблиску отколку било кое вселенско летало било кога.

Оваа мисија на NASA би можела да ѝ овозможи да ги реши мистериите околу Сонцето и неговата атмосфера која повеќе од половина век е предмет на изучување на физичарите ширум светот.

Коментирај