Живот

„Neptun Happy“– програма за лојалност на Нептун

18. јуни 2014 - 11:26 |

На 18-ти јуни 2014, Нептун Македонија ја лансираше својата програма за лојалност NEPTUN HAPPY, која е создадена да инспирира повеќе радост и задоволство при секое купување во Нептун.

Единствена од овој тип на пазарот, програмата NEPTUN HAPPY овозможува низа неверојатни поволности и бенефиции: наградни поени, достава, промоции, поддршка, монтажа и многу други услуги.

Член на NEPTUN HAPPY програмата може да се стане на многу брз и едноставен начин. Доволно е само да се аплицира за NEPTUN HAPPY картичка во продавниците на Нептун или онлајн на www.neptun.mk/happy. Издавањето на NEPTUN HAPPY картичката е бесплатно во промотивниот период до 30-ти септември. 

„Оваа програма ја создадовме со цел да им овозможиме подобро искуство, поголема вредност и повеќе бенефиции на клиентите кои купуваат во  Нептун. Со НЕПТУН HAPPY се  овозможуваат низа привилегии и поволности за сите нејзини членови и сигурни сме дека потрошувачите со задоволство ќе ја прифатат и ќе станат дел од НЕПТУН HAPPY семејството” – изјави Игор Давков, одговорен за NEPTUN HAPPY програмата во Нептун.

Нептун Македонија ДОО Скопје е основана во 1998 година и е дел од групацијата Нептун Интернешнл. Нептун е малопродажна мрежа со широк асортиман на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, фото апарати и камери, лична нега и убавина, ладење, греење и комуникации. Во моментов, мрежата на Нептун опфаќа 18 продавници во 16 градови во Македонија.

Коментирај