Свет

Норвешки политичари го номинираа Доналд Трамп за Нобеловата награда за мир

14. јуни 2018 - 9:49 | К.З.

Поголема група од норвешки политичари го номинираа американскиот претседател Доналд Трамп за Нобеловата награда за мир по историската средба со претседателот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун.

Номинацијата дојде од двајцата членови на норвешката Партија за прогрес, која е третата најголема политичка партија во Норвешка и генерално се смета за левоориентирана партија со либертаријанска политика. По нив двајцата, групата која застана зад Трамп станува сѐ поголема.

„Тоа што се случува во моментов е историски значаен настан. Се наоѓаме во процес кој ќе обезбеди мир во светот за идните генерации. Тоа е тежок и многу чувствителен процес, па затоа мора да помогнеме со цел да се остварат добри резултати“, изјави членот на Партијата за прогрес, Вили Амундсен.

Номинацијата за малку го промаши рокот за овогодинешните Нобелови награди, што значи дека Трамп ќе може да биде во конкуренција за наградата следната година. Рекорден број од 330 луѓе се номинирани за оваа награда во 2018 година.

Нобеловата награда за мир, највисокото признание од тој вид, е резервирана за најголемите постигнувања и придонеси кон светскиот мир и неа претходно ја добиваа лидери, академици, научници и политичари.

Номинацијата за оваа награда го става Доналд Трамп во елитно друштво од неколку негови колеги од сите страни на светот, како Владимир Путин, Фидел Кастро и неговиот претходник на претседателската функција во САД, Барак Обама, кој ја доби наградата во годината кога беше номиниран.

Коментирај