Музика

Нови детали за смртта на шведскиот диџеј Авичи

2. мај 2018 - 9:28 | М.Д.

Славниот шведски диџеј Авичи почина на 20 април, а иако во прв момент беше отфрлена можноста дека станува збор за самоубиство, сега се повеќе странски медиуми го тврдат токму тоа.

28-годишниот музичар на 20 април беше пронајден мртов во Оман, па од тогаш медиумите не прекинуваат да шпекулираат околу можните причини за неговата смрт.

Од полицијата неодамна беше соопштено дека нема траги за криминални дејствија.

Семејството, после неговата смрт излезе со соопштение во кое пишува дека „Авичи не можел повеќе да издржи понатаму“, како и тоа дека „сакал да пронајде мир“.

Меѓутоа, странските медиуми вчера објавија детали околу неговата смрт врз основа на информации од неколку извори.

Тие тврдат дека диџејот имал повреда на вратот, односно дека си го одземал животот со парче стакло, предизвикувајќи масивно крварење кое било кобно.

Два извори тврдат дека предметот бил дел од скршено шише од вино.

Во секој случај, смртта на младиот музичар претставува вистинска трагедија, а тој дефинитивно ќе остане запаметен во публиката како еден од најдобрите диџеи во својот жанр.

Коментирај