Софтвер

Новитет од WhatsApp: Сега може да споделувате секакви фајлови

16. јули 2017 - 13:15 | А.С.

Апликацијата WhatsApp постојано се развива и показател за тоа е новата опција со која им овозможува на корисниците да разменуваат секакви видови на фајлови.

WhatsApp досега поддржуваше само размена на документи, видеа и фотографии, но сега корисниците ќе можат да споделуваат какви било фајлови до 100 MB. 

Во комбинација со десктоп и веб апликации, WhatsApp стана моќна и лесна апликација што може да се користи во малите компании како метод за комуникација меѓу вработените, покрај основната употреба за контактирање со пријателите.

Меѓутоа, експертот за безбедност на софтвер Нејтан Фрејтас смета дека постои ризик дека оваа верзија на апликацијата би можело да се користи за ширење вируси, но нагласи дека нема таква опасност за корисниците на iOS.

Коментирај