Здравје

Ново пореметување во исхраната - самодијагноза на алергии и нетолеранција на храна

12. јуни 2018 - 18:42 | А.С.

Здравиот начин на исхрана има многу предности, но заминувањето во екстреми може негативно да се одрази на нашето здравје и да прерасне во пореметување во исхраната.

Најновото пореметување е нутрихондрија, кое стручњаците го опишуваат како „склоност кон самодијагноза на нетолеранција или алергија на храна базирано на претпоставки и недоволно докази.“

Ако познавате некој кој тврди дека е нетолерантен на глутен или лактоза, а нема медицински докази за тоа, можно е таа личност да пати од нутрихондрија, пореметување што се јавува кај едно од три лица.

Речиси половина од Британците сметаат дека имаат алергија на некаква храна или дека телото не им ја поднесува, а само 15% од нив направиле алерготестови за да го потврдат тоа.

Нутрихондрија најчесто се јавува кај луѓе на возраст од 25 до 34 години. Дури 57% од нив веруваат дека се нетолерантни или алергични на одредена храна поради влијание на познати личности и социјалните мрежи.

Нутрихондријата се поврзува со орторексија, состојба во која личноста е опседната со здрава исхрана до таа мера што води претерана грижа за чистотата на садовите и методот на подготовка на храната.

Стручњаците сметаат дека единсствениот начин за борба против нутрихондријата е да се посети лекар и да се добие точна дијагноза врз основа на стручни тестирања.

Коментирај