Македонија

Обложувалниците да бидат на најмалку 500 метри од училиштата, бара Таравари

17. мај 2018 - 14:45 | МИА

Гостивар, 17 мај 2018 (МИА) - Да нема обложувалници и казина во близина на училиштата, а постоечките да се дислоцираат на најмалку 500 метри оддалеченост. Со вакво барање се обрати гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари до Министерството за финансии.

Градоначалникот Таравари од Министерството за финансии бара во иднина да издава дозволи за работа само за оболожувалници и казина лоцирани на над 500 метри оддалеченост од образовните институции.

Во писмото на градоначалникот се наведува и барањето со кое се бара од соодветното министерство да ја разгледа можноста да ги обврзе сопствениците кои веќе поседуваат дозвола за работа за организирање игри на среќа во објекти кои се наоѓаат во близина на училиштата, да ги дислоцираат на прописна оддалеченост.

Коментирај