Хроника

Патот Кочани-Штип затворен поради сообраќајна несреќа

12. декември 2017 - 17:22 | Макфакс

На магистралниот пат Кочани-Штип, кај селото Облешево, поради сообраќајна незгода, сообраќајот е во прекин од 15.45 часот, информира АМСМ.

Сообраќајот на другите државни патишта се одвива по претежно суви коловози, освен на осојничавите места.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Коментирај