Фудбал

Пеле: Бразил не е тим, Нејмар не може сам да го освои Мундијалот

8. јуни 2018 - 8:32 | М.Д.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Пеле, смета дека петкратниот светски шампион на претстојниот Мундијал не е тимски подготвен на потребното ниво за освојување на Мундијалот, иако има моќни индивидуалци.

Пеле ја изрази својата загриженост, истакнувајќи дека најголемата ѕвезда во тимот Нејмар, не може сам да го освои Светското првенство, туку дека Бразил мора да функционира како тим.

„Имам голема доверба во селекторот Тите. Сепак, загрижен сум пред Светското првенство кое почнува за само неколку дена, бидејќи и понатаму немаме добар тим. Бразил има одлични индивидуалци, но не сме тим“, изјави Пеле за бразилските медиуми.

„Нејмар оздравува, сега е позрел, има поголемо искуство, но не може сам да ја освои титулата. Титулата првак на светот ја освојува тим, а не поединец“, предупредува најдобриот стрелец во историјата на Бразил со 77 голови.

Во групата Е на Светското првенство во Русија, Бразил ќе игра против репрезентациите на Србија, Костарика и Швајцарија.

Коментирај