Здравје

Пет чудни работи кои ги правиме кога сме под стрес

14. јуни 2018 - 10:11 | М.Д.

Ако сте подолго време под стрес, треба да внимавате на неговите симптоми, пишува „The daily net“. Исто така, со зголемен стрес ќе ви се појават навики кои се генерално лоши за вашето здравје.

Ќе имате желба за храна полна со шеќери

Поради тоа што сте под стрес добивате желба за храна со голем процент на масти и шеќери, бидејќи стресот не прави гладни. Наместо да јадете чоколада, пробајте да се најадете со храна богата со хранливи материи.

Се појавува параноја

Додека некое лице е под стрес, мислите се расеани насекаде. Кога ќе се роди проблем, се концентрирате само на него, а не и на целосната задача.

Умор на кому му нема крај

Стресот си го зема данокот и се појавува засилен умор. Ако се одолговлекува, лесно може да се претвори во депресија.

Изненадувачки прилив на енергија

Телото ќе создава приливи на енергија за да се избори со стресот. Сепак, наскоро тие приливи на енергија ќе исчезнат и ќе се чувствувате исцрпено.

Ќе внесувате големи количини на кофеин

Проблемите со сонот често водат до консумација на големи количини на кофеин. Сепак, токму оваа навика негативно ќе дејствува на овој проблем, бидејќи последиците од преголемо внесување на кофеин се враќање на почеток, замор и фрустрираност.

Коментирај