Македонија

Пет седници во Апелација за жалби на обвинетите и на СЈО

17. јули 2017 - 9:50 | Макфакс

Денеска, едноподруго, ќе се одржат пет седници во Апелациониот суд на кои ќе се разгледуваат жалбите на обвинетите и на СЈО за изречените мерки на Кривичниот суд по обвиненијата на тимот на Катица Јанева.

Во текот на викендот, Апелација ги потврди одлуките за одземањето на пасошот на новинарката Ивона Талевска, обвинета за даночно затајување и на обвинетите алфи во МВР, обвинети во случајот „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошкоски.

Без пасоши останаа: Ивица Антевски Пуки, Новица Станковски, Јован Боцевски и Петар Милошевски, бидејќи одлуката на Апелација е конечна.

Во текот на целата недела се очекува Кривичниот совет на скопска Апелација да одржува седници, бидејќи и обвинетите и СЈО понеле жалби на одлуките на Кривичен.

Коментирај