Авто новости

Почна производството на Tesla Model 3

9. јули 2017 - 17:18 | Б.С.Б.

Елон Маск ја потврди информацијата за првиот сериски примерок на новиот електричен автомобил, Tesla Model 3. Тој објави и две фотографии на кои се гледа дизајнот.

На почетокот на јули Маск објави дека првите 30 купувачи кои пред година дека го резервирале својот примерок, ќе ги преземат автомобилите на 28 јули. Растот на автомобилите  ќе биде експоненцијален, 100 автомобили ќе бидат произведени во август, повеќе од 1.500 во септември и до декември месечното производство ќе достигне 20.000 возила.

За разлика од Model S и Model X, чија цена достигна над 100.000 долари, Model 3 ќе има почетна цена од 35.000 долари во САД.

 

Коментирај