Регион
Поплава на Халкидики, се евакуираат туристи
17. јули 2017 - 17:12 | Макфакс
Обилните дождови што ја погодија цела Грција предизвикаа поплави на патиштата и во некои места на вториот крак на Халкидики. Од невремето поплавен е патот Лариса – Козани и местата Торони, Порто Куфо и Тристиника.
Надојдената вода ги поплави паркираните возила, а десетина туристи беа заглавени. Грчките власти денеска ги евакуираа туристите, а според податоците на македонското МНР, меѓу нив нема македонски државјани. Врнежите и силниот ветер во Ситонија би требало да престанат утре напладне.
Од МНР велат дека во македонскиот конзулат во Солун функционира дежурен мобилен телефон +306987200410, на кој македонските граѓани во Грција можат да се обратат за помош. Грчките медиуми јавуваат за поплави и на други места во земјата.
-->
-->
Коментирај