Хроника

Приведени 10 учесници на протестот пред Собранието за нарушување на јавниот ред и мир

14. јуни 2018 - 12:54 | МИА

Скопје, 14 јуни 2018 (МИА) - Десет лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир за време на вчерашниот протест пред Собранието на Република Македонија против договорот за менување на името.

- За време на собирот, во 20.30 часот, дел од масата, во која имало и група на лица кои биле маскирани со „фантомки“, кон Собранието и кон кордонот од полициски службеници почнале да фрлаат со шишиња, пиротехнички средства, шипки, конзерви и еден молотов коктел (незапален).

Во Полициската станица Центар, поради нарушен јавен ред и мир се приведени 10 лица, соопшти денеска МВР.

Коментирај