Свет

Протести во Англија: Бебе со ликот на Трамп на небото над Лондон

13. јули 2018 - 11:58 | М.Д.

Во знак на протест поради посетата на Велика Британија, од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп, неколку десетици илјади луѓе организираа марш во центарот на Лондон, каде на небото лета балон во облик на бебе со ликот на Доналд Трамп.

Имено, демонстрантите носат огромен балон, кој го претставува Трамп како големо портокалово бебе кое плаче, а целиот настан со дигање на балонот, се следи во живо на социјалните мрежи, но и преку медиумите.

Балонот во облик на бебе во пелени, со исчешлана коса и мобилен телефон за пишување твитови, ќе биде пуштен и над Вестминистерската палата, каде се одржува централниот протест, поради имиграционата политика на Трамп, расните односи, непочитувањето кон жените и климатските промени.

Организаторите на протестот, велат дека денеска планираат да организираат протести во околу 50 градови ширум Обединетото Кралство.

Трамп во Лондон ќе се остане доста кратко, а една ноќ веќе помина во добро заштитената официјална резиденција на амбасадорот на САД.

Коментирај