Хроника

Работник тешко повреден при пад од училишен покрив

19. август 2017 - 15:48 | Макфакс

Вработен во основното училиште во с.Долно Ѓуѓанци, светиниколско, вчера паднал од покривот на училиштето додека извршувал поправки.

Полицијата соопшти дека станува збор за В.А. (56), вработен како хаусмајстор во училиштето кој изведувал поправка на покривот на училиштето.

Од падот В.А. се здобил со тешки телесни повреди.

Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Штип каде што бил задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Коментирај