Музика

Роби Вилијамс ќе настапи на отворањето на Светското првенство во Русија

11. јуни 2018 - 15:51 | М.Д.

Британскиот пејач Роби Вилијамс ќе настапи на свеченото отворање на Светското фудбалско првенство во Русија непосредно пред почетокот на натпреварот помеѓу Русија и Саудиска Арабија.

Ветувајќи незаборавен спектакл, Вилијамс, изјави дека е среќен и возбуден, односно дека овој настап е исполнување на неговите детски сништа.

Вилијамс ќе настапи во Русија две години откако го објави синглот „Party like a Russian“, кој во Русија предизвика доста критики.

Ќе му се придружи и руската пејачка Аида Гарифулина, како и поранешната бразилска фудбалска ѕвезда Роналдо.

Роналдо истакна дека првиот натпревар од Мундијалите е секогаш симболичен.

„Без разлика на тоа дали сте играч или навивач, тоа е момент во кој сфаќате дека она што сте го чекале четири години конечно е овде“, изјави Роналдо.

Свечената церемонија за отворањето на СП почнува само половина час пред првиот натпревар.

Коментирај