Свет

Русија со нов грандиозен градежен проект

17. мај 2018 - 16:32 | М.Д.

Додека Русија го слави отворањето на Кримскиот мост, на другиот крај од полуостровот, во Севастопол веќе на големо се работи на другиот грандиозен градежен проект, кој уште го доби и епитетот „проект на векот“.

На брегот на Црното море, практично од почеток, Министерството за одбрана на Русија гради аеродром кој ќе им помогне да ги примаат сите видови на авиони.

Ако украинските власти во текот на сите 27 месеци, колку што беа потребни за изградба на Кримскиот мост, го убедуваа својот народ дека станува збор за фото-монтажа, сега за реновирањето на новиот воен аеродром Белек, се одлучија од почеток да им дадат точни информации на граѓаните.

Украинските медиуми, реновирањето на воениот аеродром кај Севастопол го карактеризираа како „градилиште на векот“.

„Податоците се добиени со помош на снимки од воздух, во кои се гледа дека на територијата на аеродромот активно се вршат градежни дејствија, кои се започнати во јануари и претставуваат подготвителна фаза за асфалтирањето на новата писта“, соопшти Министерството на Украина.

Како што се соопштува, на градилиштетот работат повеќе од 60 градежни машини.

Покрај тоа, Украина, на паркингот изброи девет ловци Миг-29, еден Ан-26 и 26 авиони Су-27, како и околу стотици возила и специјални техники на работа.

Една од причините за изградба на нова писта е и напнатата ситуација во регионот и потребата на зајакнување на одбраната на Крим.

Коментирај