Фудбал

САД, Канада и Мексико ќе бидат домаќини на СП 2026

13. јуни 2018 - 13:59 | К.З.

Со освоени вкупно 134 гласови од комисијата на ФИФА, САД, Канада и Мексико со заедничка апликација го добија правото да го организираат Светското првенство во 2026 година. Во гласањето го победија конкурентот Мароко, кој доби само 65 гласови.

Канада по вторпат ќе биде дел од фудбалско светско првенство, откако денеска ФИФА им гарантираше дека сите три земји-домаќини ќе добијат автоматско присуство на првенството.

Ова ќе биде и прва организација на Светско првенство за Канада, а и првпат се случува три земји одеднаш да го организираат Мундијалот. САД претходно беше домаќин во 1994 година, додека Мексико двапати беше домаќин, првиот во 1970 а вториот во 1986 година.

Тоа значи дека Мундијалот во 2026 година ќе биде многу значаен за САД и Мексико, кои не успеаја да се квалификуваат за претстојното СП во Русија и ќе го пропуштат овогодинешниот Муднијал.

Мексико е единствениот од тројцата домаќини кој ќе се натпреварува на овогодинешното СП, и тој е во групата Ф заедно со Германија, Шведска и Јужна Кореја.

Коментирај