Вести

Санта мраз поголема двапати од Луксембург се одвои од Антарктикот

12. јули 2017 - 21:16 | Б.С.Б.

Еден од најголемите ледени брегови, со површина од 6.000 километри квадратни, се одвои од Антарктикот.

Од 2014 година одвојувањето на сантата мраз е во забрзан процес, а сега конечно се одвои. Сантата мраз е двапати поголема од Луксембург.

Тим научници од Универзитетот Свонси изјавија дека изгледот на Антарктикот е засекогаш променет. Финалното одвојување е детектирано од сателитски инструмент на НАСА.

Коментирај