Свет

Се судрија два воза на тобоган во Мадрид

17. јули 2017 - 8:38 | Макфакс

Повредени се 33 лица во судир на два воза на тобоган во забавен парк во Мадрид. Шпанските власти соопштија дека меѓу повредените се и шест деца под 10-годишна возраст, а медицицинска помош побарале уште 26 лица.

Кога возот што пристигнувал на почетната позиција не успеал да тргне  во него удрил друг што се наближувал кон истата позиција. Повеќето од децата на тобоганот имале специјални виртуелни наочари и не го очекувале ударот што било причина да настрадаат многу заби и рамена.

Возовите на тобоганот се движат со максимална брзина од 55 километри на час.

Коментирај