Фудбал

Селекторот на Шпанија би можел да биде отпуштен еден ден пред СП

13. јуни 2018 - 10:50 | К.З.

Шпанската фудбалска федерација закажа прес-конференција за денеска, а спортските медиуми велат дека на неа ќе биде објавено отпуштањето на Хулен Лопетеги од селекторската позиција на репрезентацијата.

Претседателот на шпанската федерација, Луис Рубиалес, изјави дека е крајно разочаран од одлуката на Лопетеги да преговара и да се договори со Реал Мадрид додека траат подготовките за СП во Русија.

Рубиалес до вчера се наоѓаше на ФИФА конгресот во Москва, за веќе денеска да се сретне со репрезентацијата, која се наоѓа во Краснодар. Таму ќе се сретне со играчите, стручниот штаб и сите помошници, но и со Лопетеги, кого го смета за лично одговорен за овој хаос.

Тој вели дека дознал за одлуката на Лопетеги само 5 минути пред таа информација да биде официјално објавена, без притоа да знае дека шпанскиот селектор преговарал со Реал Мадрид во последните две недели.

Во случај на отпуштање на Лопетеги, фаворити за да ја преземат селекторската позициија се спортскиот директор на федерацијата, Фернандо Јеро и селекторот на младинската репрезентација на Шпанија, Алберт Селадес.

Првиот натпревар на првенството Шпанија ќе го одигра во петок со почеток од 20:00 часот, а противник ќе им биде селекцијата на Португалија, предводена од Кристијано Роналдо.

Коментирај