Тенис

Шарапова доби понуда за брак од навивач во Истанбул

28. ноември 2017 - 11:16 | А.С.

Руската тенисерка Марија Шарапова доби брачна понуда на ревијалниот меч во Истанбул.

Шарапова моментално е на турнеја во склоп на подготовките за наредната сезона, а во Истанбул играше против Чагла Бујукакчај.

Додека се подготвуваше да сервира, еден навивач од публиката викна „Марија, ќе се омажиш ли за мене?“ и ги насмеа сите присутни.

Шарапова ни за момент не беше збунета и одговори „можеби“, што дополнително ја анимираше публиката.

Руската убавица победи со резултат од 7-6, иако Бујукакчај, која е 161-ва тенисерка на листата, ѝ пружаше жесток отпор.

Шарапова се врати на терен по 15-месечна пауза откако беше дисквалификувана поради употреба на забранет лек.

Коментирај