Рецепти

Шест неверојатни десерти за кои не е потребно печење

12. јули 2017 - 15:07 | Б.С.Б.

Летниот период е идеален за лесни десерти кои се подготвуваат брзо и едноставно. Во ова видео на Tasty се прикажани 6 неверојатни десерти за кои не е потребно печење.

Првиот десерт се приготвува со засладен шлаг, крекери и јаготки. Вториот десерт се приготвува со сендвич колачиња, стопен путер, крем сирење, шеќер, екстракт од ванила, топло млеко и лажичка желатин. За следниот десерт се потребни шеќер во прав, путер од кикирики и стопено чоколадо. И останатите два десерти се приготвуваат со путер од кикирики, додека последниот десерт се приготвува со чоколадни колачиња и темно чоколадо.

Подготовката на овие лесни десерти погледнете ја во видеото:

Коментирај