Живот

Шест работи кои сигурно не сте ги знаеле за ексцентричниот креатор на антивирусот McAfee

17. јули 2017 - 11:34 | Д.Л.

Како да деинсталирате McAfee антивирус?

Џон Мекафи е човек кој во локалните и глобалните вести се појавува од повеќе причини, меѓу кои и краткиот обид за кандидатура за Претедател на САД. За време на кандидатурата, правеше „видео туторијали” кои спаѓаат во категоријата видеа кои ќе си најдат почесно место во колекцијата на секој собирач на бизарни видеа.

Судскиот циркус со Intel

Мекафи го тужеше Intel поради користењето на неговото име. Ова би било добар основ за тужба, доколку шест години претходно на Intel не му ја продадеше својата фирма за неколку милијарди долари. Најинтересното од сè е дека двете страни дошле до заеднички заклучок дека Мекафи може да продолжи да го користи своето име - се додека не е поврзано со софтвер или услуги за сајбер безбедност.

Претприемачкиот дух

Причината поради која дошло до спор е долгорочниот план на Мекафи, кој одлучил да ја преименува компанијата „Јohn McAfee Privacy Phone” во „Јohn McAfee Global Technologies”. Intel одлучил судски да побара прекинување на процесот бидејќи Мекафи кој е извршен директор на компанијата, веќе бил во процес на собирање на голем број сигурносни технологии. Ова значи дека технолошкиот могул ќе може да го користи своето име во промотиви материјали сè додека тие материјали немаат поврзаност со антивирусниот софтвер.

Познат ексцентрик

Спорот со Intel e само една од бизарните работи кои го одбележуваат животот на ексцентричниот милијардер, кој е познат обожавател на адреналинот. Обожува да вози теренски возила, да патува преку океанот на JetSki, а многу се пишуваше и за неговата склоност кон опојните супстанци.

Духовно продлабочување

Во Колорадо основаше центар за јога во кој сè било бесплатно, како што велат неговите ученици. Откако пронаоѓањето на себе си го доведе кон крајот, почна со пилотирање на мали летала над големи пустини. Себе и својата група истомисленици ги нарекуваше Небесните Цигани.

Обожавател на друштвените мрежи

Мекафи има голем број обожаватели на друштвените мрежи. Отиде до таму што јавно ги објави телефонскиот број и мејл адресата.

Коментирај