Љубов и секс

Шест знаци дека сте во врска со погрешната личност

7. јуни 2018 - 16:37 | М.Д.

Проверите дали се наоѓате во врска во која љубовта не ви е возвратена и прекинете да го трошите своето драгоцено време на таа личност.

Во прилог прочитајте ги овие шест знаци по кои ќе откриете дали сте со погрешната личност и дали е вистинско време да ја прекинете вашата врска.

1. Никогаш нема време за вас

Нормално дека сите имаме работни и приватни обврски, меѓутоа ако некој успева да најде време за сите други луѓе во животот освен за вас и ги откажува плановите со вас за да се дружи со други, тогаш таа личност дефинитивно не го заслужува вашето внимание.

2. Неблагодарност

Иако постојано се трудите на сите начини да го задоволите вашиот партнер, а тој не возвраќа на тоа и не знае да каже ниту благодарам за тоа, тогаш вистинско време е да се запрашате дали воопшто вреди да ја продолжувате врската со таков тип на личност.

3. Сам носи одлуки и не го интересира вашето мислење

Никогаш не ве прашува за совет или за мислење за што било, дури и ако тоа се однесува за вашата врска. Ваквите личност постојано ги игнорираат вашите ставови и работат само како им одговара на нив.

4. Прави планови без вас

Сам прави планови за вашите заеднички излегувања или дури прави планови во кои вие воопшто не сте вклучени. Со таквиот став тој партнер покажува дека воопшто не ве цени, ниту вас, ниту вашето слободно време, бидејќи смета дека за него вие морате постојано да бидете достапни.

5. Постојано е мрзелив

Ги избегнува сите обврски кои може да ги направи и воопшто не помислува да ви помогне во нешто.

6. Ве изневерува

Ова е дефинитивно најсилниот доказ дека таквата личност не е за вас, не ве почитува и едноставно дека таквата врска мора да прекине.

Коментирај