Филм & ТВ

Што ако Меган Маркл ја освои наградата „Еми“?

14. јуни 2018 - 11:06 | М.Д.

Меган Маркл оваа година би можела да биде номинирана за престижната телевизиска награда „Еми“, за споредната улога во последната сезона од серијата „Suits“.

Меган со неколку свои колеги е предложена за номинација.

Меган Маркл во серијата „Suits“ ја толкуваше улогата на Рејчел Зејн, која се омажи на крајот од шестата сезона.

Серијата ја напушти поради свршувачката, односно свадбата со британскиот принц Хари.

Бидејќи кралското семејство едвај ја прифати Меган како сопруга на Хари, поради тоа што е актерка и не е од кралско потекло, следуваа низа на барања, помеѓу кои е и Меган да прекине да се занимава со актерство.

Ако Меган Маркл биде номинирана за наградата и по некоја случајност ја освои, многу веројатно е дека нема да ја преземе, ниту пак ќе одржи говор за благодарност, бидејќи такво отстапување е недозволиво за членовите на кралското семејство.

 

 

Коментирај