Фудбал

Сити ќе го продава Стерлинг, ако не потпише нов договор

20. јули 2018 - 13:18 | МИА

Раководството на англискиот шампион Манчестер Сити ќе се обиде да го продаде репрезентативецот Рахим Стерлинг во рок од една година, пишува весникот „Дејли мирор“.


Според информациите од неименуван извор, цитиран од весникот, играчот ќе биде ставен на трансфер листата доколку не се согласи за нов договор со „граѓаните“.
 
Тековниот договор на Стерлинг истекува во јуни 2020 година. Тој добива 170.000 фунти неделно, но сака подобри услови. На Островот сугерираат дека доколку Стерлинг добие зголемување на платата, во новиот договор нема да биде вметната клаузула за откупување и Манчестер Сити ќе може слободно да ја одреди неговата цена.
 
Стерлинг игра за Сити од 2015 година, а минатата сезона забележа 46 натпревари, реализирајќи 23 гола и 12 асистенции.
 
Претпоставките се дека двете страни ќе се обидат да постигнат договор во новата сезона. Но, ако не постои таков до Нова Година, тогаш од пролетта 2019-та, англискиот напаѓач ќе биде понуден на клубовите и менаџерите.

Коментирај