Рецепти

Сладолед од тиквички (Видео)

11. јули 2017 - 12:52 |

Пред да речете „бљак“ дајте му шанса на овој здрав десерт што брзо се подготвува.

Што ви е потребно?

  • 200 грама жолти тиквички
  • 50 грама индиски ореви
  • 1 супена лажица лимонов сок
  • Една банана
  • 1 супена лажица сируп од агава
  • 2 супени лажици мелен рогач
  • по желба додадете парчиња чоколадо или чоколадни трошки

Ставете ги сите состојки во блендер и откако ќе добиете кремаста текстура префрлете ја смесата во сад со капак и оставете го сладоледот да се замрзне околу 45 минути.

Освен што е превкусен, овој сладолед е и многу хранлив и одличен е за косата, кожата и ноктите.

Коментирај