Фудбал

Смртни закани за Бехрами од Бразилците

19. јуни 2018 - 15:31 | М.Д.

Мексико гo совлада актуелниот светски првак Германија, Исланд и зема бод на Аргентина, но најголема сензација во досегашниот дел од СП без сомнение е ремито помеѓу Бразил и Швајцарија.

Првиот фаворит на првенството по 20 минути дојде до предност и сите очекуваа уште многу голови, но потоа Бразил застана, а Швајцарците мудро ја чекаа својата шанса и после еден корнер ја дочекаа.

Бразил до крајот, по примениот погодок, не успеа да постигне гол, а Швајцарците одиграа одлично во одбрана, не ја губеа линијата, а ниту пак делуваа исплашено од застрашувачкиот напад на Бразил.

Еден од играчите кој најмногу се истакна на теренот од редовите на Швајцарија беше Валон Бехрами, играч на Удинезе.

Човекот роден во Косовска Митровица не му овозможуваше на Нејмар да ја помине одбраната на Швајцарија, а статистиката по натпреварот покажа дека најдобриот играч на Бразил бил фаулиран најмногу пати во еден натпревар на Светско првенство уште од 1998 година.

Бразилците го фаулираа Нејмар дури 11 пати, а сега токму Бехрами е играчот кој на Instagram добри бројни пораки со смртни закани од бразилските навивачи, во кои пишува дека Бехрами „добро ќе ги запамети поради целото она што му го направил на Нејмар на теренот“.

Бехрами изјави дека само си ја вршел својата задача и дека немал никакви други лични причини за да биде груб кон Нејмар.

Покрај овие закани на Бразилците, Швајцарските медиуми од друга страна пишуваат дека Нејмар бил тој кој постојано го провоцирал и вршел притисок на судиите.

Сепак, како и да е Бехрами и Швајцарија не посветуваат премногу внимание на овие пораки и во тек се подготовките за натпреварот од второто коло, кој го играат против селекцијата на Србија.

Коментирај