Фудбал

СП 2018: Дали Мик Џегер е баксуз за Англичаните?

13. јули 2018 - 13:21 | М.Д.

Реакциите за натпреварот Хрватска-Англија не стивнуваат ниту после два дена, а дека Британците тоа го поднесоа многу тешко, покажува и тоа што сега зборуваат за „проклетството“ на славниот музичар Мик Џегер.

Многумина го сметаат за виновен, поради тоа што Англија не се најде во финалето на Светското првенство во фудбал.

Британските медиуми, пишуваат дека еден од најголемите виновници за елиминацијата на Англија во полуфиналето е Мик Џегер, кој ја бодреше својата репрезентација на трибините во Москва.

„Одиме, напред Англија“, објави Џегер на својот Instagram профил.

Веднаш после поразот на Англичаните, медиумите ширум Островот почнаа да потсетуваат за „проклетството“ на Мик Џегер.

Џегер е познат како голем обожавател на спортски натпреварувања, но неговата среќа е таква што, секогаш кога тој ќе се појави на некој натпревар, тимот за кој тој навива, задолжително губи.

Тој беше сведок на поразот на Англија од Германија во Италија. На Светското првенство во Франција 1998 година, го гледаше трагичниот пораз на Англичаните од Аргентина после пеналите во осмина финалето, потоа беше присутен и на Мундијалот во Јужна Африка и повторно гледаше пораз на Англија, уште еднаш од Германија.

Сега, Мик Џегер е предмет на потсмевање и помеѓу Англичаните и помеѓу Хрватите, кои на социјалните мрежи, го проследија поразот на Англија, со некои од најголемите хитови на „Ролинг Стоунс“: „(I can’t get no) Satisfaction“ и „You can’t always get what you want“.

Меѓутоа, Џегер, не и носи „проклетство“ само на Англија.

Имено, славниот рокер пред осум години навиваше за САД против Гана, потоа за Бразил против Холандија. И овие две репрезентации не го преживеаја неговото проклетство, па ги загубија споменатите натпревари.

 

My version of the Czech song pec nam spadla!

A post shared by Mick Jagger (@mickjagger) on

Коментирај