Живот

Тајната на успехот на милијардерот Бил Гејтс

2. април 2018 - 15:20 | М.Д.

Бил Гејтс не беше случајно најбогатиот човек на светот, а тоа го докажуваат и новите планови за инвестирање во Нигерија.

Неговите инвестиции во здравството и желбата да се искоренат што повеќе болести, е веројатно „тајната“ формула за успехот кој стои зад Бил Гејтс.

Овој пат станува збор конкретно за Нигерија, земја која Гејтс ја посети, а кон лидерите и претседателот Мухамед Бухариј упати некои многу остри зборови.

Бил Гејтс на тој начин укажа на проблемите во оваа земја, кои ги поткрепи со факти, а преку решавање на проблемите и пропустите, тој гради основа за понатамошни инвестиции.

Тој укажа, како што истакнува, на големите пропусти во нивната работа.

Според неговите зборови, здравствениот систем во оваа земја е „скршен и недоволно финансиран“, проблеми постојат и во секторот на образованието и гладот со кој се соочуваат децата, а приоритетите на Владата на оваа земја не се поклопуваат со реалните потреби на граѓаните.

Гејтс во оваа земја дојде како сериозен инвеститор, а неговата фондација вложи повеќе од 1,6 милијарди долари.

Неговите предлози и критики тој ги поткрепи со докази, за разлика од празните реторики на нигериските лидери.

Тој им порача дека со подобро планирање, а не само со зборови, можат да добијат повеќе дивиденди.

Пристапот на Гејтс ќе ја отвори вратата за неговата фондација да може да вложува уште повеќе во оваа земја.

Досега стануваше збор за инвестиции претежно во здравството, па минатата година Нигерија не забележа нови случаи на полиомија, што е во потполна спротивност од 2012 година, кога Нигерија учествуваше во повеќе од половина забележани случаи со ова заболување во светот.

Во јануари Фондацијата бил Гејтс направи чекор без преседан, кога ветија дека ќе исплатат 76 милиони долари за Нигерија, која зема кредит од Јапонија за борба против парализа.

За разлика од класичните случаи на „простување долгови“, Нигерија мораше да се обврзи дека покриеноста на вакцинацијата ќе биде 80 отсто секоја година.

Значи, милијарерот Бил Гејтс, вториот најбогат човек на светот, не работи само за финансиски аранжмани, туку тоа го прави со цел во потполност да се искоренат одредени тешки болести.

Коментирај