Останати спортови

Тајсон Фјури доби дозвола да се врати во рингот

12. декември 2017 - 19:49 | М.Д.

Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија Тајсон Фјури доби дозвола да ја продолжи професионалната кариера.

Тој доби дозвола откако ја прифати двегодишната суспензија поради употреба на недозволени стимулативни средства.

Фјури во јуни 2016 година беше обвинет за допинг, а потоа и ретроактивно суспендиран од декември 2015 година на две години.

Овој 29-годишен боксер негираше дека користел недозволени стероиди и тврдеше дека внел недозволена супстанција во својот организам на тој начин што јадел некастрирани диви свињи.

Фјури, познат под прекарот „Кралот на циганите“, последната борба ја имаше во ноември 2015 година, кога го совлада Украинецот Владимир Кличко.

Титулата која ја освои со таа победа подоцна му беше одземена поради допинг.

Тој ќе се врати во рингот откако ќе добие боксерска дозвола, а бидејќи во октомври изјави дека нема да повторно да ја побара од британскиот Сојуз, веројатно ќе се обиде да ја добие во некоја друга земја.

Коментирај