Фудбал

Тоти заминува од теренот, стана директор на Рома

17. јули 2017 - 21:22 | А.С.

Франческо Тоти дефинитивно ја заврши кариерата како фудбалер и од денеска е новиот директор на Рома.

Тоти (40) го одигра последниот 786. натпревар во дресот на Рома на 28 мај годинава, но постоеше опција да ја продолжи кариерата во Јапонија.

Имаше понуда од јапонски Токио Верди, но одлучи дефинитивно да заврши со играње.

„Првиот дел од мојот живот, како фудбалер, заврши. Од денеска почнува мојата нова, подеднакво важна улога на директор. Се надевам дека во оваа улога ќе бидам успешен како и на теренот“, објави Тоти на службената страница на Рома.

„Продолжете да ме викате Франческо. Како и секогаш“, напиша тој на Twitter.

Тој постигна 307 гола во неверојатни 786 натпревари за италијанскиот клуб во неговата 25-годишна кариера.

Коментирај