Свет

Трамп: Разговарам со Северна Кореја, можна е средба на 12 јуни

25. мај 2018 - 17:45 | А.С.

Претседателот на САД Доналд Трамп соопшти дека Америка преговара со Северна Кореја и дека уште е можно да се одржи самитот во Сингапур на 12 јуни од кој тој се откажа пред неполни 24 часа.

Тој на новинарите им рече дека „сите играат игри“, а на прашањето за самитот одговори дека чека да види што ќе се случува и дали првобитниот датум е уште во игра.

Трамп рече дека и двете страни сакаат самитот да се одржи.

„Тие баш сакаат да го направат ова, ние сакаме да го направиме ова“, рече Трамп.

Трамп синоќа се повлече од самитот со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун со објаснување дека имало „ огромен гнев и отворено непријателство“ во последната изјава од Северна Кореја.

Коментирај