Живот

Трамп жестоко му одговори на Де Ниро: Тој има ниско IQ

13. јуни 2018 - 9:56 | М.Д.

Доналд Трамп на Twitter одговори на критиките на славниот актер Роберт Де Ниро, бидејќи тој пред некој ден упати жестоки пцовки на негова сметка на доделувањето на наградите „Tony“.

„Роберт Де Ниро, лице со многу ниско ниво на IQ, прими премногу удари од вистинските боксери во филмови. Го гледав синоќа и ми се чини дека не размислува добро поради сите тие удари. Ми се чини дека тој не разбира дека економијата никогаш не била во подобра состојба, дека стапката на вработеност никогаш не била поголема, односно дека бројни компании се враќаат во нашата земја. Разбуди се, Punchy“, напиша Трамп.

Де Ниро за време на доделувањето на „Tony“ наградите беше брутален во својот говор кон американскиот претседател, а за тоа доби и овации од публиката.

„Ќе кажам само една работа – е** го Доналд Трамп“, изјави Де Ниро во својот говор.

Коментирај