Хроника

Три лица ограбени на „Партизанска“

20. ноември 2017 - 13:16 | Макфакс

Со закана со нож, врз три лица во текот на вчерашниот ден извршено е развојништво на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Околу 18 часот, две непознати лица со нож му се заканиле на 19 годишниот П.П, при што му одзеле 300 денари.

Дваесет минути подоцна, повторно две непознати лица со нож се заканиле врз уште едно 19 годишно момче и 17 годишно лице при што на двајцата им одзеле 200 денари и часовник.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите.

И пред два дена со нож беа нападнати тројца малолетници на возраст од 15 и 16 години, на булеварот „Партизански одреди“, при што од страна на две непознати лица, им беа одзедени 1.500 денари.

Коментирај