Здравје

Трикови за помалку да се потите и да ја избегнете непријатната миризба

12. јуни 2018 - 14:07 | М.Д.

Еден од најнезгодните проблеми поврзани со топлото време е засиленото потење кое предизвикува и непријатна миризба. За среќа, постојат трикови кои ќе ви помогнат помалку да се потите и да ја редуцирате непријатната миризба.

Правилно ставајте дезодоранс

Дали знаевте дека повеќето луѓе погрешно ставаат дезодоранс? Ако ставате наутро и вие сте меѓу нив. На дезодорансот му е потребно време за да почне да дејствува и потребна му е сува површина на кожата. Навечер температурите се пониски и вие сте најмалку активни, што на дезодорансот му дава време да почне да дејствува. Наместо после будење, обидете се да го употребувате пред спиење.

Носете полесна облека

На високите температури избегнувајте да носите прилепени алишта и облека правена од вештачки материјали, бидејќи таа не го пропушта воздухот, па дополнително се потите, а се појавува и непријатна миризба. Наместо тоа, носете полесна облека. Покрај тоа што ќе ви биде многу попријатно за носење, ќе ги избегнете и непријатните миризби од потењето.

Избегнувајте многу зачинета храна

Дали сте забележале дека после многу лута храна се потите повеќе од вообичаено? Тоа е поради тоа што вашето тело на лутата храна реагира еднакво како и на високата температура, се обидува да ве олади. Поради тоа, на лето намалете со консумација на зачинета храна за да го минимизирате потењето.

Вежбајте

Иако вежбањето обично го поврзуваме со многу потење, сепак ќе го постигнете спротивното. Да, ќе се потите за време на тренинг, но подоцна ќе се потите многу помалку. Со вежбањето се намалува лачењето на хормонот за стрес коритизол и се зголемува отпуштањето на хормонот за среќа ендофрин. Оваа комбинација ќе ви помогне да доживувате помалку стрес, а со тоа и помалку да се потите.

Коментирај