Живот

Улична мачка спаси бебе и стана локален херој

14. јуни 2018 - 14:44 | М.Д.

Мачка во Русија уште еднаш ни докажа дека овие домашни миленичиња се навистина посебни и прекрасни суштества.

Оваа мачка со години живее на улица, а се грее и спие во една зграда. Една вечер во близина на зградата таа забележа нешто необично.

Некој во картонска кутија оставил дете старо само два месеци и си заминал.

Мачката кога го забележала бебето веднаш почнала да мјаука и тоа многу силно.

Со тоа ги разбудила комшиите, а една комшивка помислила дека станува збор за нејзината мачка, односно дека нешто и се случило.

Излегла од станот и во ходникот сфатила за што станува збор.

Откако видела дека некој оставил бебе во картонска кутија, таа ја веднаш ја повикала полицијата.

Тие потоа ги преземаа работите во свои раце, а оваа мачка стана локален херој.

 

 

Коментирај