Живот

Умре најстариот суматрански орангутан на 62 години

19. јуни 2018 - 17:34 | А.С.

Најстариот суматрански орангутан на светот почина на 62 години во зоолошка градина во Австралија.

Женката Пуан, која негувателите ја опишаа како „голема дама“, зад себе остави 54 потомци. Таа беше евтанизирана во Зоолошката градина во Перт поради здравствени компликации предизвикани од старост.

Пуан живееше во зоолошката од 1968 година, а во 2016 година беше признаена од Гинисовата книга на светски рекорди како најстар припадник на нејзниот вид.

Суматранските орангутани се загрозен вид и во дивината ретко живеат подолго од 50 години.

Се смета дека Пуан е родена во џунгла во Суматра, Индонезија во 1956 година. Таа зад себе остави неверојатно наследство од 11 деца и вкупно 54 потомци низ САД, Европа и остатокот од светот.

„Нејзиниот генетски код го носи нешто помалку од 10% од глобалната популација на нејзиниот вид“, рече Холи Томпсон, супервизор на одделението за орангутани.

„Таа даде голем придонес за колонијата суматрански горили во Зоолошката градина во Перт и за опстанокот на нејзиниот вид.“

Некои од нејзините потомци беа пуштени назад во дивината во Суматра, рекоа од зоолошката.

„До последниот ден остана матријархот, тивката, достоинствена дама, каква што била секогаш.“

Коментирај