Фудбал

Видал: Меси се плаши од мене

12. јуни 2018 - 20:29 | МИА

Москва, 12 јуни 2018 (МИА) - Ѕвездата на фудбалска репрезентација на Чиле, Артуро Видал, верува дека Лионел Меси се плаши од него по двете последователни финалиња во Копа Америка, кои Аргентина ги загуби во 2015 и 2016 година.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ и голгетер број еден на Барселона за сите времиња се уште нема освоен значаен трофеј на меѓународната сцена со „гаучосите“.

Сега Аргентинецот се подготвува за учество на Светското првенство 2018 и барем му е малку полесно, дека Чиле не успеа да се пласира во завршницата во Русија.

- Дали јас се плашам од Меси или тој се плаши од мене? Мене од него не ми е страв, но треба да го прашате Меси како стојат работите кај него. Го победив двапати во финалето, а ако се сретнеме повторно, Чиле пак ќе биде победник, се закани 31-годишниот Видал.

Коментирај