Филм & ТВ

Вил Смит ќе го игра Духот во римејкот на „Aladdin“

16. јули 2017 - 15:50 | А.С.

Disney соопшти дека Вил Смит ќе ја игра улогата на Духот во римејкот на анимираниот филм „Aladdin“ во режија на Гај Ричи.

Смит ќе го замени Робин Вилијамс кој славно го позајми гласот за оваа улога во оригиналниот филм.

Канадскиот актер Мена Масуд ќе го игра Аладин, а Наоми Скот ќе биде принцезата Јасмин.

Оригиналната верзија од 1992 година беше прогласена за најуспешен филм и освои два Оскари, за најдобра музика и најдобра насловна песна за „A Whole New World".

Уште не се знае кој ќе ги игра улогите на негативецот Џафар, неговиот папагал и таткото на Јасмин, Султанот.

Коментирај