Авто новости

Volvo: Моделот S60 ќе биде најквалитетниот на сите времиња

20. јули 2018 - 14:24 | М.Д.

Иако Volvo се најде позади Jaguar, Land Rover, Chrysler, Mitsubishi и Subaru, во изборот за најквалитетен автомобил, сепак Швеѓаните сега велат дека допрва ќе го имаат своето најдобро возило на сите времиња.

Директорот на Volvo, Даглас Болдук, смета дека новата генерација на S60, ќе биде најдобриот автомобил кој некогаш го произвеле.

„Најдобар модел кој досега го имаме е XC60, кој е произведен во Торсланд, 2017 година. Очекувам новиот S60 да го надмине“, рече Болдук.

Volvo ќе го анализира квалитетот на S60, врз основа на бројот на поправки во првите три месеци на пазарот.

Новиот S60 ќе се прави во САД, во погон во Чарлстон во Јужна Каролина, а иако не сакаат натпреварување помеѓу фабриките, од Volvo истакнуваат дека е добро да се има еден вид на натпревар во испораката на квалитетот.

„Тоа е здраво“, додава Болдук.

Производството на новиот S60 почнува за околу три месеци.

Коментирај