Филм & ТВ

„War for the Planet of the Apes“ на врвот на бокс-офисот

17. јули 2017 - 10:05 | Б.С.Б.

Во текот на изминатиот викенд филмот „War of the Planet of the Apes“ се најде на врвот на бокс-офисот, со заработка од 56,5 милиони долари. Со тоа го симна на второ место „Spider-Man: Homecoming“, кој во вториот викенд заработи 45,2 милиони долари.

На третото место е анимираниот „Despicable Me 3“, со остварена заработка од 19 милиони долари во третиот викенд од прикажување. Премиерата на хорор филмот „Wish Upon“ се најде на седмо место, со 5,5 милиони долари.

Ова е листата на десетте најгледани филмови во текот на изминатиот викенд:

1. War for the Planet of the Apes - 56,5 милиони долари

2. Spider-Man: Homecoming - 45,2

3. Despicable Me 3 - 19

4. Baby Driver - 8,7

5. The Big Sick - 7,6

6. Wonder Woman - 6,8

7. Wish Upon - 5,5

8. Cars 3 - 3,1

9. Transformers: The Last Knight - 2,7

10. The House - 1,8 милиони долари.

Коментирај