Хроника

Забрана за работа на агенцијата „Венера Кемаловски“ од Битола

17. јули 2017 - 14:25 | Макфакс

Државниот инспекторат за труд донесе решение за забрана за работа на Агенцијата за посредување при вработување во земјата и странство „Венера Кемаловски’’ од Битола.

Забраната е во траење од триесет дена, а инспекторатот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка.

Вонредните инспекциски надзори беа извршени на 5 и на 14 јули по објавените информации дека група студенти биле измамени за работа во Германија од страна на оваа агенција.

Коментирај