Македонија

Заев: Постигнавме договор - Република Северна Македонија, со македонски јазик и македонски идентитет

12. јуни 2018 - 19:03 | МИА

Скопје, 12 јуни 2018 (МИА) -  Република Северна Македонија за севкупна употреба, што ќе се прецизира со амандман во Уставот е договорот што го постигнаа Македонија и Грција во процесот на преговорите за решавање на спорот за името.

Ова го соопшти вечерва на прес-конференција премиерот Зоран Заев во присуство на сите министри во Владата.

Договорот предвидува потврда на македонскиот јазик во ОН - македонски, macedonian, без фуснота. Нациоанлноста е македонска/граѓани на Република Северна Македонија и соодветно на англиски јазик.

Со договорот, рече Заев, еднаш засекогаш се потврдува и зајакнува македонскиот етнички и културен идентитет, македонскиот јазик, македонмската националност. Со него се гарантира и безбедноста на земјата и се овозможува сигурна иднина на граѓаните на РМ, истакна премиерот.

Договорот, како што рече ќе биде презентиран пред сите релевантни политички субјекти во државата, потпишан од претставниците на двете влади, по што следува ратификацијата во Собранието.

Коментирај