Фудбал

Златна копачка по петти пат: Сите голови на Меси во оваа сезона

21. мај 2018 - 17:20 | А.С.

Ѕвездата на Барселона и репрезентативец на Аргентина, Лионел Меси, по петти пат во кариерата ја освои Златната копачка за најдобар стрелец во најјаките европски лиги.

Меси сезоната ја заврши со 34 гола, односно 68 бодови, а на второ место е Египќанецот на Ливерпул – Мохамед Салах со 32 гола, односно 64 бодови.

Пред еден месец Салах беше главен кандидат за Златната копачка, но Меси во изминатите шест натпревари заби осум голови и го престигна. Меси е исто така најдобар стрелец во шпанското првенство.

На трето место е Хари Кејн од Тотенхем со 30 голови. По 29 погодици имаат Чиро Имобиле (Лацио), Роберт Левандовски (Баерн) и Мауро Икарди (Интер).

Едисон Кавани (ПСЖ) и Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) имаат по 28 голови.

Меси е рекордер со пет награди за најдобар стрелец во Европа, со освоена Златна копачка во 2010, 2011, 2013 и 2017 година.

Ова се сите голови на Меси сезонава:

Коментирај