Љубов и секс

Знаци дека треба да раскинете иако уште сте заљубени

24. април 2018 - 10:43 | А.С.

Ако ја препознаете вашата врска во овие примери, време е да се приклучите во клубот на жени кои храбро рекле – подобро сама, отколку во лоша врска што не води никаде.

Жените кои успеале да раскинат со партнерот кој не е добар за нив, а сѐ уште се заљубени, заслужуваат восхит. Не станува збор за лоша врска во која сте малтретирани или омаловажувани, туку едноставно, колку и да имате добри спомени, таа врска е лоша за вас и не води никаде.

Ова се четири знаци дека треба да раскинете, иако уште сте заљубени:

Постојано се расправате

Расправии и негодувања одвреме-навреме се дури и добри за врската, бидејќи тоа значи дека цело време комуницирате, иако има и теми на кои не се согласувате. Ако повеќе време поминувате во расправии за најмали ситници и негодувања за сѐ и сешто, наместо да градите заеднички живот, тоа е знак дека е време да си заминеш.

Само ти се трудиш

Сигурна си дека го сакаш и поради тоа ти е тешко и постојано се надеваш дека ќе почне повеќе да те цени. Мажот кој те има земено здраво за готово и се има опуштено до точка каде ти даваш 150%, а тој 0, не се труди да ја одржи врската. Ако тој не е подготвен да мрдне со прст, значи дека не те цени. Ако не сакаш да бидеш таа жена која ќе игра игри со уцена и манипулација за да добие основно внимание и труд, ваков партнер не ти треба.

Те оддалечува од работите што ги сакаш

Мажот со кој вреди да градиш заедничка иднина мора да те поддржува во нештата што сакаш да ги направиш. Ако поради него и неговите соништа и цели ти си таа која постојано нешто жртвува и се оддалечуваш од својот фокус, време е да се ставиш себе си на прво место, зошто очигледно ти не си му ни во топ 3.

Не си своја кога си со него

Целта на добрата и здрава врска не е да се претвориш во личност која ќе му се допаѓа на партнерот, туку да си се допаѓаш сама на себе. Добрата врска треба да го поттикне, инспирира и извлече најдоброто од вас, а не да станете бледи сенки на себе. Ако кога си со него правиш и кажуваш работи за да му одговараш нему, тоа е јасен знак дека не сте еден за друг. Стануваш верзијата на жена со која тој сака да биде, а тоа со време ќе те направи несреќна бидејќи ќе се изгубиш себе си.

Коментирај