Здравје

Знаци кои укажуваат дека треба да се пие повеќе вода

13. јуни 2018 - 11:02 | М.Д.

Со доаѓањето на топлите месеци во организмот потребно е да се внесуваат повеќе течности, за да спречиме дехидрација. Но, водата често ја забораваме се додека не почувствуваме жед. Овие се сигнали кои телото ги праќа кога не добива доволно вода.

1. Сува кожа која не можат да ја нахранат лосиони

Нормално е кожата да се менува зависно од годишните времиња. На зима е сува и безживотна, но некои креми ја поправаат малку ситуацијата.

2. Сува и испукана уста

Ако  устата и јазикот ви се суви и лепливи, време е да се напиете вода и да ја надополните загубената течност. Недоволното внесување на течности може да предизвика мигрени, па експерти советуваат да се пие што повеќе вода и да се избегнуваат газирани пијалаци, кои можат да направат уште поголема штета.

3. Имате чести главоболки

Внесувањето на повеќе вода во организмот би можело да ја спречи главоболката. National Headache Foundation предупредува дека главоболките се знак дека доживувате блага до умерена дехидрација.

4. Уморни сте

Ако спиете доволно, но се чувствувате уморно, можеби сте дехидрирани.

5. Се дебелеете

Истражувањата покажаа дека пиењето на половина литар вода може да го забрза организмот до 30 отсто. Поради тоа не е ниту чудно што пиењето на многу вода е составен дел од секојдневниот здрав план на исхрана.

6. Имате грчеви во мускулите

Експерти велат дека крвната циркулација се забавува кога пиеме премалку вода. Нашето тело се труди да ја надополни течноста, така што ја зема од мускулите за да ги штити виталните органи.

Коментирај