Здравје

Знаци кои укажуваат на зголемено ниво на шеќер во крвта

22. мај 2018 - 11:50 | М.Д.

Поради промените во начинот на живот, од дијабетес заболуваат се повеќе млади луѓе. Симптомите на дијабетес се често скриени и на заболените им треба подолго време за да сфатат дека станува збор токму за оваа болест.

Дијабетесот или шеќерна болест е пореметување, кое се однесува на зголемувањето на шеќерот во крвта и кое е еден од главните здравствени проблеми ширум светот, поради што е важно да се препознаат симптомите на време.

Во прилог прочитајте ги најчестите симптоми кои укажуваат на дијабетес:

1. Слабост

Ако постојано се чувствувате слабо и уморно, тоа би можело да биде првиот симптом за зголемено ниво на шеќер во крвта, тврдат експертите.

Доколку тоа ви се случува често, се препорачува да посетите доктор и да направите детална крвна слика.

2. Главоболка

Во однос на тоа дека главоболките се честа појава, важно е да се знае со каква главоболка со соочувате (на пример, мигрена).

Сепак, секоја хронична главоболка би требало да биде причина за посета на доктор.

3. Проблеми со видот

Преголемата доза на глукоза во крвта може да резултира со влошување на видот.

4. Постојана потреба за уринирање

Глукозата влијае и на вашите бубрези, па потребата за уринирање се зголемува.

5. Жед и сува уста

Природен симптом за зголемен шеќер во крвта е и прекумерната потреба за течности.

Покрај овие пет симптоми, постојат уште некои на кои треба да посветите внимание и кои исто така можат да укажат на појава на оваа шеќерна болест:

- Проблеми со концентрацијата

- Засилен глад

- Збунетост

- Мачнина и болки во стомакот

Коментирај